Врз основа на член 4 од Европската конвенција за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување, Комисијата за избор на тројца кандидати за член од Република Северна Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување
ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на тројца кандидати за член од Република Северна Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување
Секој од заинтересираните кандидати треба да ги исполнува следните услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да има завршено правен, медицински или филозофски факултет (отсек – психологија, социологија или социјална работа и политика);
- да има најмалку 5 (пет) години искуство во вршење на работи во областа на правото, заштитата на човековите права, а особено во пенитенцијарниот систем, судска медицина, социјалната медицина или психијатријата;
- да не му е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност и
- активно да го владее францускиот или англискиот јазик.
Заинтересираните кандидати кои поднесуваат барање за избор на член од Република Северна Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување треба да ги достават следните документи:
- уверение за државјанство;
- доказ за завршено високо образование – правен, медицински или филозофски факулетет (отсек-психологија, социологија или социјална работа и политика);
- доказ за положен специјалистички испит по судска медицина, психијатрија или социјална медицина (за кандидатите кои имаат завршено Медицински факултет);
- потврда од најмалку 5 (пет) години искуство во вршење на работи во областа на заштитата на човековите права, а особено во пенитенцијарниот систем, судската медицина, психијатријата или социјалната медицина;
- уверение дека не е изречена санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- доказ за степенот на познавање на англиски или француски јазик;
- кратка биографија на англиски јазик (модел на образец).
Потребните документи за докажување на исполнување на условите заверени на нотар, кандидатите да ги достават скенирани по електронски пат на следната електронска адреса: SanjaDimovska@mjustice.gov.mk, со назнака: за Комисија за избор на тројца кандидати за член од Република Северна Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување.
Рокот за доставување на барањата изнесува 8 (осум) дена од денот на објавувањето на огласот.
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.
Во согласност со одредбите од Европската Конвенција за превенција од тортура или понижувачки третман или казнување и Резолуциите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, се охрабруваат кандидати од двата пола да се пријават на огласот.