Врз основа на член 35 од Судскиот деловник („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/13 и 114/14), Министерството за правда, објавува 

ОГЛАС

за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи

 

1.  Кандидатот што сака да се пријави поднесува барање со платена административна такса од 50,00 денари со уплатница/уплата на ПОС терминал во Министерството за правда. Во барањето се наведуваат личните податоци (име, име на родител, презиме, адреса на живеење, e-mail адреса, телефон и слично) и за кој јазик/јазици бара да биде поставен како судски преведувач. Кон барањето е должен да приложи:

-          Уверение за државјанство;

-          Доказ за живеалиштето или престојувалиштето на подрачјето на судот, за кој што бара да биде поставен за преведувач (фотокопија од лична карта/пасош или потврда за престојувалиште);

-          Уверение или диплома за завршено високо образование (доколку дипломата е од странска високошколска устанува кандидатот треба да достави решение за нострификација издадено од Министерството за образование и наука)

-          Потврда од овластена образовна институција за активно познавање на македонскиот јазик (само доколку високото образование е завршено надвор од Република Северна Македонија);

-          Уверение или потврда за активно познавање на  странскиот јазик или јазикот на припадниците на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија и

-          Уплатници/уплата на ПОС терминал (за административна такса и за испитот).

2. Секој кандидат треба да достави уплатница во износ од 6.000,00 денари, уплатени на жиро-сметката на Министерството за правда, на број 0700100140 631 12  со назнака „За проверка на знаење за судски преведувачи“, назив на примачот - Министерство за правда, банка на примачот - Народна банка на РМ, трезорска сметка на Народна банка број 100000000063095, приходна шифра 723013, програма 10/уплата на ПОС терминал во Министерството за правда.

3.  Потребните документи треба да бидат во оригинал или копија заверена кај нотар (освен личната карта) и заедно со барањето да се достават во архивата на Министерството за правда, ул. Димитрие Чуповски  бр. 9 - Скопје.

4.  Проверката на знаењето се врши писмено и усно, согласно Програмата за проверка на знаењето на друг јазик за поставување на постојаните судски преведувачи.

5.  Програмата и останатите информации за спроведување на постапката за проверка на знаењето се објавени на  интернет страницата на Министерството за правда - www.pravda.gov.mk во делот за испити.

6.  Писмениот дел од проверката на знаењето ќе се одржи во периодот од 21 до 25 октомври 2024 година, со почеток во 9,00 часот, во Министерството за правда.

7.  Кандидатот кој ќе го положи писмениот дел од проверката на знаењето на јазикот, полага усмен дел најдоцна во рок од 7 дена по спроведување на писмениот дел.

8.  Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.

Министерство за правда