Имајќи ја во предвид комплексноста и сложеноста на затворскиот систем, постои континуирана потреба од негово натамошно подобрување и усовршување согласно современите текови и трендови од областа на извршувањето на санкциите. За таа цел се наметна потребата од донесување на нов Закон за извршување на санкциите кој треба да се усогласи со меѓународните стандарди како и со стратешките цели предвидени во Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2015-2019 година). Преку донесување на овој Закон, државата се стреми да воспостави систем на извршување на санкциите кој ги задоволува меѓународни стандарди од областа на пенологијата преку кој ќе се обезбеди подобрен затворски систем во државата што во крајна мера ќе придонесе кон подобрување на безбедноста во општеството.
Новиот Закон за извршување на санкциите се објави во Службен весник на Република Северна Македонија бр.99/2019 на 21 Мај 2019 година.
ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ