Бесплатна правна помош

Подрачни одделенија за БПП на Министерството за правда поделени според планските региони во РСМ

1. Скопски 2. Источен 3. Југоисточен 4. Североисточен 5. Пелагониски 6. Вардарски 7. Југозападен 8. Полошки

 

 

 

 

За непречено одвивање на работата на Одделението за бесплатна правна помош при Министерството за правда, во време на кризната состојба настаната со вирусот ковид 19, а со цел да излеземе во пресрет на барателите за БПП и обезбедување на примарна правна помош која се сотои од првичен правен совет, општа правна информација, СЕ ИСТАКНУВААТ

 

на овластените лица во Подрачните одделенија на Министерство за правда.

 

Граѓаните кои се со незавидна финансиска положба, можат да се обратат до Министерството за правда и до неговите подрачни единици и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од Буџетот на Министерството.


Бесплатната правна помош граѓаните можат да ја добијат за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви на семејно насилство, за остваруивање на социјална помош, за спорови со осигурителни компании, но и за други потреби.

Законот предвидува давање на примарна и на секундарна правна помош.

Примарната правна помош ја даваат овластени лица од Министерството за правда или од подрачните одделенија кои ги има по градовите во внатрешноста на државата. Примарна правна помош даваат овластени здруженија. Досега се регистрирани седум вакви здруженија.


Примарната правна помош се состои од давање на општ правен совет, општа правна информација, помош при составување на барање за бесплатна правна помош. 

Секундарната правна помош ја даваат адвокатите и таа се состои од застапување во граѓански судски постапки, во управни постапки пред Фондот за пензиско и инвалидсно осугуривање, Фондот за здравствено осигурување, застапување во постапка за расправање на оставина пред нотар, составување поднесоци на должник пред извршител и сл.

Кои услови треба да ги исполни барателот на бесплатна правна помош?

- Ако барателот живее сам неговиот месечен приход да не е поголем од утврдената минимална плата.

- Ако живее во семејство – вкупниот приход да не биде поголем од минимална плата зголемена за 20% од минималната плата за секој член поеинечно. Тоа значи 12 500 денари плус 2500 денари или вкупно 15 000 денари месечен приход ако се двочлено семество, или 17 500 денари за трочлено семејство, 20 000 за четиричлено семество, итн.

- При тоа како приход не се смета надоместок за помош и нега од друго лице, родителски додаток за дете, детски и посебен додаток, додаток заради посебни потреби, надоместок на плата за скратено работно време итн. 

- Исти така барателот на правна помош може да има еден едностанбен објект или стан во зграда

- Да имаат во сопственост една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 м2 во Скопје, 500 м2 во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од 5000 м2 во рурални средини, и

- едно моторно возило до 1200 кубни сантиметри.

 

Kорисниците на бесплатна правна помош се ослободени од судски трошоци и од трошоци за вештачење (истото ќе се врши од Бирото за судски вештачења без надомест).