Врз основа на член 49 став (1) и член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа ("Службен весник на Република Македонија" бр 58/2000 и 44/2003), а во врска со Заклучоците на Владата на Република Македонија, донесени на Дваесет и првата седница одржана на 5.12.2006 година, Министерство за правда донесува
ГРАЃАНСКИ ДНЕВНИК
на Министерство за правда
1. ЦЕЛ НА ГРАЃАНСКИОТ ДНЕВНИК
Целта на Граѓанскиот дневник е да придонесе кон подобрување на квалитетот на јавните услуги преку дефинирање на начинот и стандардите во давањето на услугите, вклучувајќи го видот на услугите, рокот, како и системот на коментари, жалби и поплаки. Крајната цел на Граѓанскиот дневник е да се подобрат односите помеѓу администрацијата и граѓаните и да се обезбеди задоволство кај граѓаните од работата на Министерството за правда.
2. КОЈА Е ВИЗИЈАТА / МИСИЈАТА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
- Следење на работата на нотарите, извршителите и медијаторите врз основа на законот за нотари, законот за извршители и законот за медијација;
- Утврдување на конвенции кои треба да се предложат за ратификација или потпишување
- Усогласување на легислативата со ЕУ
- Гилотиња
- Интервенции во одредени закони
- Работата на Судскиот совет на РМ
- Придонес кон олеснување на стекнување сопственост на странски правни лица
- Донации и спонзорства во јавните дејности
- Спроведување на законите
- Следење на спроведување на законите, конвенциите, билатералните договори и сл.
- Борба против корупцијата
- Подобрување на затворите според европските стандарди
- Интервенција во одредени закони (КЗ.ЗКП)
- Пратење на спроведувањето на упатството за начинот за преземање на предметите меѓу судовите
- Следење на работата на Апелациониот суд Гостивар и Управниот суд
- Следење на работата на специјализираните судови
- Интензивна соработка со владини и невладини организации
- Работата на Јавниот обвинител на РМ на сите нивоа
- Судски буџет
- Активно учество, професионален пристап во политиката за користење на името Макодонија во називите набројани по Законот за трговски друштва
- За визијата ќе има дополнителни информации со конкретни информации
3. КОИ СЕ КОРИСНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
- физички лица (граѓани)
- правни лица (домашни и странски)
- институции и органи на системот
4. КОИ СЕ ЗАЛОЖБИТЕ И ОБВРСКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА КОН ГРАЃАНИТЕ?
- квалитетни услуги;
- навремени, брзи и точни услуги;
- комуникација со корисниците;
- запазување на рокови во давање на услугите;
- одговорност во работењето;
- давање информации на корисниците;
- достапност на услугите на Министерството за правда;
- јавност во работењето;
5. КОИ УСЛУГИ ГИ ДАВА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
- Известување во врска со замолници од меѓународна правна помош
- Издавање на одобренија
- Издавање на решенија за по тврдување на јавен интерес за донации и за спонзорства во јавните дејности
- Информации за спроведување на испит за извршители
- Информации за спроведување на нотарски испит
- Информации за спроведување на правосуден испит
- Информација за спроведување на проверка на знаењето на странски јазик на кандидати за постојани судски преведувачи
- Преглед на меѓународни конвенции и билатерални договори
- Преглед на судски преведувачи во РМ