Во петок на 08.04.2011 година во Приштина, Република Косово, Министрите за правда на Република Македонија и Република Косово, во функција на зацврстување на билатералните односи и во духот на постојното пријателство и соработка, а со цел поефикасно остварување на правата и интересите на граѓаните на двете држави ќе потпишат три договори од кривичната област, и тоа:
- Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за заемна правна помош во кривичните предмети,
- Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за екстрадиција и
- Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за трансфер на осудени лица.
Со потпишувањето на овие договори и нивната ратификација од Собранието на Република Македонија ќе се овозможи ефикасно давање на взаемна правна помош во кривичните предмети, екстрадицијата и трансферот на осудени лица.