Министерот за правда Михајло Маневски на вториот ден од посетата на Советот на Европа во Стразбур денеска се сретна со секретарот на Венецијанската комисија г. Џани Букикио.
На средбата со г. Букикио се разговараше за соработката на Република Македонија со Венецијанската комисија во делот на давање на експертиза на македонското законодавство а особено на Изборното законодавство , Законот за бесплатна правна помош итн.
Денеска министерот Маневски имаше средба и во одделот за извршување на пресуди со г-ѓа Женевјев Мејер.
Во попладневните часови министерот Маневски треба да се сретне со Комесарот за човекови права на Совет на Европа г.Томас Хамарберг и со Генералниот директор на директоратот за правни прашања од областа на човековите права г. Филип Боило.
Прва посета на македонскиот министер на Европскиот суд за човекови права во Стразбур
Советување за постапување на државните органи по претставките и предлозите на граѓаните
Ние користиме колачиња на оваа веб-страница за да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. За да дознаете повеќе, прочитајте ја нашата Политиката за колачиња.