Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
<јануари 2025>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Советување за постапување на државните органи по претставките и предлозите на граѓаните

МИА - Секој граѓанин, според Уставот на Република Македонија, има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и  на нив да добие одговор во рок од 15 дена,  а за посложените прашања до 30 дена од приемот. Доколку граѓаните не добијат одговор, според новиот Закон за постапување по претставки и предлози, што ќе стапи во сила од јануари следната година, се предвидени прекршочни казни во глоби од 500 до 1.000 евра за одговорното лице кое нема да ги почитува законските одредби.

- По 20 години, во јули годинава е донесен новиот Закон за постапување по претставки и предлози, со што ќе се оствари уставно загарантираното право на секој граѓанин да поднесува претставки за работата на државните органи и јавните служби, истакна денеска министерот за правда Михајло Маневски во своето обраќање на советувањето на тема „Постапување на државните органи по претставките и предозите на граѓаните“.

Тој додаде дека подносителот на претставката, односно предлогот не смее да биде повикан на одговорност.

Во Република Македонија, како што посочи министерот за правда, нема евиденција за тоа колку претставки и предлози се поднесуваат до државните органи и јавните служби. За да се надмине тоа, со новиот Закон се предвидува органот кој постапува по претставките и предлозите да определи едно или повеќе овластени лица што ќе постапуваат или да формира единица.

- Органите задолжително водат евиденција за приемот на претставките и на секои шест месеци треба да достават извештај до Министерството за правда за работата по предлозите, рече Маневски.

Претставките се поднесуваат во писмена форма или усно на записник, поединечно или групно. Доколку поднесителот не добие одговор по претставката може да се обрати до Народниот правобранител на РМ и да побара заштита.

Според директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Ѓеорѓиевски, интензитетот за поднесување претставки за одредени области се зголемува или намалува периодично во зависност од активностите за остварување на некои права.

Како пример тој ги посочи претставките од областа за денационализација  кои, како што рече, почнуваат да се намалуваат бидејќи процесот привршува. - Но, не значи дека барањата во одредени области, како пензиско-инвалидското и здравствено осигурување се на ниво кое треба да даде сигнал дека треба да се провери активноста на државните органи во поглед на ажурноста за сите претставки кои пристигаат од граѓаните, додаде Ѓеорѓиевски.

Пред стапувањето во сила на Законот, како што рече Ѓеорѓиевски, треба да се донесат Правилник за начинот и условите за постапување по претставките, како и Упатство за нивна евиденција.

Советувањето е дел од активностите на Министерството и на Државниот управен инспекторат за соодветна имплементација на Законот за постапување по претставки и предлози.


Претходна

Стразбур:Средба Маневски - секретар на Венецијанска комисија г.Џани Букикио

Следна

Средба Маневски - претставници на СИВИПОЛ и Проектот за подршка и развој на полицијата г. Пјер Шасејн и ѓ-ѓа Даниел Кају