Делегација од Министерството за правда предводена од министерот Михајло Маневски на 31-10-2008 година ќе учествува на Министерскиот состанок за правда и внатрешни работи на земјите членки на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа што ќе се одржи во Кишињев, Молдавија.
Министерот Михајло Маневски ќе се обрати на првата сесија на состанокот на тема "Правни и правосудни гаранции против незаконската обработка на лични податоци".
Во рамки на Министерскиот состанок ќе биде потпишан Меморандум за правни и правосудни гаранции против незаконската обработка на лични податоци.
Со потпишување на Меморандумот државите се обврзуваат да ги фокусираат своите напори за зацврстување на регионалната соработка за идентификација и борба против постоечките неправилни практики во областа на автоматската обработка на податоци.
За време на Министерскиот состанок планирано е да се одржат бројни билатерални средби.