Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2025>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Зголемен бројот на предмети од назначувањето на обвинителот за врски на Северна Македонија во Европравда

 

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска оствари средба со претседателот на Европравда г. Ладислав Хамран и обвинителот за врски на Северна Македонија во Европравда, г. Ленче Ристоска.

 

На состанокот се разговараше за соработката со Европравда и Годишниот извештај за функционарањето на канцеларијата за врски на Република Северна Македонија во Европравда за 2019 година.

 

Претседателот на Европравда во своето обраќање презентираше статистички податоци од ноември 2018 година – навака, кои укажуваа на зголемување на соработката откога Република Северна Македонија има свој претставник во Европравда (EUROJUST).

 

Иако официјално соработката на нашата држава со Европравда започнува во 2009 година, Република Северна Македонија за првпат номинираше јавен обвинител за врски во Европравда во 2018 година.

 

Тоа е причината поради која бројот на новоотворени предмети во кои е вклучена Република Северна Македонија е во пораст. Така, за разлика од 2017 година, кога биле отворени само 4 нови предмети, во 2018 година, бројот на новоотворени предмети е 11, додека пак во 2019 година, бројот на новоотворени предмети е 23.

 

Покрај зголемениот број на новоотворени предмети, минатата година ја одбележа и тоа што Република Северна Македонија за првпат ја искористи можноста преку Европравда да побара асистенција при обезбедувањето на меѓународната правна помош.

 

Министерката Дескоска истакна дека неодамна бил усвоен новиот Закон за Јавното обвинителство кој го зајакнува системот за борба против организиран криминал и корупција со гаранции за независност при одлучувањето и финансирањето и изрази благодарност за досегашната соработка со Европравда.


Претходна

Доделување на уверенија за положен правосуден испит - Декемвриска испитна сесија

Следна

ЕК ги пофали реформите во правосудството: Значителен напредок остварен при зајакнувањето на независноста на судството