По донесената одлука за прогласување на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, Министерството за правда ги извести за донесената одлука претседателот на Судскиот совет г. Киро Здравев и Јавниот обвинител г. Љубомир Јовески.
Исто така, известени се дека главниот штаб, согласно Законот за управување со кризи, во рок од 24 часа треба да издаде акциски план за постапување кој Судскиот совет и Јавното обвинителство треба да го земат предвид при носењето одлуки поврзани со работата на судовите и обвинителствата кои постапуваат на териториите на коишто е прогласена кризна состојба.
Остануваме во постојана комуникација и очекуваме Судскиот совет и Јавното обвинителство до почетокот на работната недела да испратат конкретни напатствија за постапување на судовите и јавните обвинителства со надлежност над овие општини.
Во исто време потсетуваме дека сите други институции во сферата на правосудството треба доследно да се придржуваат до сите задолженија, препораки и одлуки на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.