Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Собрание на РСМ, Скопје
<април 2021>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Маричиќ: И „Евростат“ потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со највисоките стандарди

 Министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието кажа дека од Евростат потврдиле дека Законот за попис и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји.

 

 

-По одговорот кој стигна од „Евростат“ се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за попис, како и за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Ајде да се обединиме, да ја оставиме дневната политиката на страна и заедно да го спроведеме пописот. Ги повикувам сите политички партии и ги охрабрувам да го направат тоа. Пописот и е потребен пред сè на државата, на нас, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи за цел безбедно спроведување на пописот, потенцираше Маричиќ.

 

Министерот пред пратениците кажа дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани меѓу кои и на дијаспората. Ќе се попишуваат од понеделник и припадниците на Армијата, лицата во Воспитно-поправни установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.

 

 

 


Претходна

Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог Закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или извршување на кривични санкции.

Следна

Маричиќ: Успешно стартува првата фаза од попишувањето