Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Брисел
<април 2021>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Маричиќ на средба со Фајон и Јовева: Поддршка за реформите и евроинтеграциите

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел имаше две одвоени средби со словенечките европратенички Тања Фајон и Ирена Јовева, на кои се разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството и борбата против корупцијата. 

Маричиќ ги брифираше европратеничките за подготовките за спроведување на пописот и успешно завршената прва фаза од статистичката операција. Тој потенцираше дека неодржлива е состојбата државата да е без попис веќе 20 години. 

Министерот детално ги претстави реформите во судството, со акцент на дигитализацијата и филтрацијата во судството кои ги спроведува Судскиот совет. 

Маричиќ за време на неколкудневната работна посета на Брисел имаше состаноци и со еврокомесарите Јоханес Хан и Вера Јурова на кои доби поддршка за реформите во правосудството и европските интеграции.


Претходна

Маричиќ од Брисел ја повика дијаспората масовно да се попише

Следна

Завршен настан на Твининг проектот "Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба"