Денеска со почеток од 14:00 часот, ќе се одржи онлајн завршен настан на твининг проектот "Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба", кој ќе се одржи во организација на Твининг проектот.
Главната цел на овој твининг проект, чија реализација започна на 31 август 2018 година, беше унапредување на ефективноста и ефикасноста на пенитенцијарниот систем и развој на ефективна и одржлива пробациска служба, и успешна ресоцијализација во заедницата на лицата на кои им се изречени алтернативни мерки.
На настанот ќе се обратат министерот за правда г. Бојан Маричиќ, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, г. Џулијан Васало, амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн и амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.
Твининг проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на казнено-поправниот систем и пробациската служба“, се имплементираше во соработка со Фондацијата за меѓународна правна соработка од Германија и Центарот за меѓународна правна соработка од Холандија, а главен корисник беше Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда.
Настанот може да го проследите во живо преку YouTube, на врската во прилог: