Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<април 2021>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Маричиќ и Нухиу со честитка по повод Денот на македонското правосудство

Министерот за правда Бојан Маричиќ и заменик-министерот Агим Нухиу со видео изјави го честитаа Денот на македонското правосудство. 
 
Во видео пораките, честитајќи им го Денот на правосудството на вработените во правосудниот сектор, Маричиќ и Нухиу им посакаа успешна работа која ќе резултира со јакнење на правната држава и зголемување на довербата на граѓаните во правосудните институции.
 
 
-Реформите во правосудството се врвен приоритет. Никогаш како досега не се говори за постепено враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и испорачувањето на правдата. Во таа насока и Судскиот совет започна да спроведува динамична проверка на работата на судиите, а тој процес веќе ги дава првите резултати. Свесен сум дека реформите во правосудството не се ни брзи ни едноставни, но тој пат мораме заедно да го изодиме, решително и непоколебливо доколку сакаме силна, модерна и пред сè правна државата, истакна министерот Маричиќ.
 
Во своето видео обраќање, заменик министерот Агим Нухиу, истакна дека прочистувањето треба да остане важен дел од реформата во правосудството.
 

 
-Граѓаните мора да почувствуваат правда, затоа Министерството за правда ќе остане посветено да има законска и институционална рамка што ќе гарантира правда за сите, истакна заменик министерот Нухиу.

 


Претходна

Завршен настан на Твининг проектот "Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба"

Следна

Стејт департментот: Владата демонстрираше почит кон независноста на судството