Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Анкара, Турција
<април 2021>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Маричиќ во Анкара се сретна со претседателот на Големото турско народно Собрание Мустафа Шентоп

 Министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на својата работна посета на Анкара оствари работен состанок со претседателот на Големото турско народно Собрание Мустафа Шентоп. Маричиќ ги претстави реформите кои ги презема Министерството за правда во насока на модернизацијата на правосудство. Искуствата што ги има Турција, пред сè во процесот на дигитализацијата на судовите се од исклучително големо значење за Северна Македонија, имајќи предвид дека почнува процесот со кој целосно ќе се дигитализираат над 120 судници.

 
Токму дигитализацијата е во фокусот на средбите кои Маричиќ ги има во Турција, а за таа цел го посети и Генералниот директорат за информатичка технологија на тамошното министерство за правда, што е носечка институција во однос на дигитализацијата на турското правосудство.
 
Вчера, Маричиќ се сретна и со својот колега министерот за правда на Турција Абдулхамит Ѓул, а на средбата се констатираа традиционално добрите односи меѓи двете земји и двата народа. Дополнително е договорена поблиска соработка во секторот правда со фокус на воведувањето современа дигитална технологија во правосудството.

Претходна

Маричиќ од Анкара: Искуствата на Турција за дигитализација на судството за нас се од големо значење

Следна

Маричиќ: Шарената револуција ни донесе слобода која сега мора да ја чуваме и унапредуваме