Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Маричиќ се обрати на 30. сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда

 Министерот за правда Бојан Маричиќ преку видео-врска се обрати на 30. сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) и ги претстави реформите кои Министерството за правда ги презема во областа на кривичната правда.

 
- Северна Македонија вложува напори да ја зголеми ефикасноста во борбата против нелегалните финансиски текови и да ги зајакне можностите за конфискација на нелегално стекнатиот имот. Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата, истакна Маричиќ.
 
Министерот ја потенцираше значајноста за отпочнување на преговорите со ЕУ, затоа што овој процес може само позитивно да влијае и значително да ги забрза реформите во Северна Македонија. 
 

Претходна

Маричиќ: Задоволен сум што динамиката на реформи во правосудството се зголемува

Следна

Соопштение за состанокот на Работната група за измени на Изборниот законик.