Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk

Честитка на Маричиќ по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите

 По повод 23 Мај-Националниот ден на Власите, министерот за правда Бојан Маричиќ упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Северна Македонија.

 
-Од мое лично и од името на Министерството за правда, сакам на сите припадници на влашката заедница во земјата да им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите. Власите имаа навистина значајно место во македонската историја, бидејќи секогаш ги поддржувале стремежите и активно учествувале во создавањето на нашата држава. Токму Власите и денес имаа значајна улога во македонското општество како значаен дел од политичкиот, економскиот и академскиот живот. Ова се главните причини зошто Власите, со својот јазик, култура и традиција се нераскинлив дел од нашето минато, сегашност и иднина. Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите, напиша Маричиќ. 

Претходна

Маричиќ на „Регионална агенда 2020-2030“: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе ги отфрли сите нон-пејпери

Следна

Маричиќ: Делото на Кирил и Методиј засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја