-Секоја година на 24 Мај го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, браќата кои се најзаслужни за описменувањето и ширењето на христијанството меѓу словенските народи.
Нивното дело, со кои им се овозможи на словенските народи да бидат дел од развиена Европа, беше препознаено и од Ватикан, а Светите браќа се прогласени за заштитници на Европа.
Нивната работа резултираше со создавањето на првата азбука – глаголицата, што е основ, подоцна нивниот следбеник Свети Климент Охридски да ја создаде кирилицата, која пак е темелот за стандардизацијата на македонскиот јазик.
Делото на Светите браќа Кирил и Методиј никогаш нема да биде заборавено и засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја.
Нека е честит и вечен 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, напиша Маричиќ.