Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk

Маричиќ: Откако сум министер немало промена на закон без вклученост на граѓанскиот сектор

 Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на настанот „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“ кажа дека граѓанскиот сектор кога беше најпотребно и во најтешките моменти за државата се постави како брана на авторитаризмот и беше клучниот фактор кој се бореше за демократизација на државата. Маричиќ ја потенцираше улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор. 

 
-Во изминатите 7-8 месеци откако сум во Министерствoто за правда, немало промена на закон без вклученост на претставници на граѓанскиот сектор, а особено сум среќен поради грантовите за граѓанските организации - даватели на примарна бесплатна правна помош, бидејќи заштитата на човековите права е јавен интерес и заслужува институционална поддршка, потенцираше Маричиќ.
 
Според министерот за правда за натамошно доследно почитување на принципот на партнерство со невладиниот сектор потребно е секое министерство во рамките на своите надлежности да гради партиципативна култура, да вклучува што е можно поголем број на граѓански организации во својата работа и да создава стимули за поголема вклученост на граѓанските организации во општеството. 

Претходна

Маричиќ: Делото на Кирил и Методиј засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја

Следна

Видео од обраќањето на министерот за правда Бојан Маричиќ на настанот „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“