Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Маричиќ: Нема отстапување од намерата за поголема правна заштита на новинарите

 Министерот за правда Бојан Маричиќ на дискусијата за заштита на новинарите организирана од Шведската амбасада, кажа дека приоритет на Министерството за правда е создавање најдобри можни услови во однос на слободата на говор и непречено работење на новинарите и медиумските работници.

 
- Со моето доаѓање на позицијата министер за правда започнавме интензивно да работиме на измени на Кривичниот законик со цел поголема заштита на новинарите. Измените се веќе готови и се во Владина процедура. Најважно е што во иднина нападот на врз новинар или медиумски работник ќе се казнува како и напад врз службено лице. За тоа предвидени се и затворски казни до три години. Дополнително со казна затвор може да се казни и некој што се заканува на новинари, без разлика на кој начин е испратена заканата, односно дали е лична, преку интернет и слично. Закана е закана, истакна Маричиќ.
 
Според министерот, доказ дека има напредок на во однос на подобрувањето на условите за работа на новинарите, говорат и повеќето меѓународни извештаи, како оние на Репортери без граници и на Стејт Департментот, во кои покрај тоа што се бележи напредок во слободата на медиумите во земјата, прецизно се детектираат и предизвиците на кои треба дополнително да се работи. 
 
Министерот уверува дека и заложбата на Владата на ова поле е голема и дека нема отстапување од намерата за поголема правна заштита на новинарите.

Претходна

Маричиќ: Верувам дека е можен политички договор за изборниот законик

Следна

Маричиќ: Со помош на партнерските земји целосно ќе го дигитализираме македонското судство