Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Загреб, Хрватска
<октомври 2021>
повтсрчепесане
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7

Маричиќ на состанок во хрватската Академија за обука судии и обвинители

Министерот за правда Бојан Маричиќ на првиот ден на работната посета на Загреб ја посети хрватската Академија за обука на судии и јавни обвинители. Со првите луѓе на Академијата разменија искуства во однос на функционирањето на двете институции. Министерот Маричиќ истакна дека Академијата за судии и обвинители кај нас е единствена влезна точна во правосудниот систем и како таков претставува клучна институција на која  ѝ се посветуваат време и внимание.

 
Министерот за правда посетата на Хрватска ја продолжува со билатерална средба со хрватскиот министер за правда и администрација Иван Маленица. Двајцата министри ќе разговараат за продлабочување на меѓусебната соработка во областа правда, како и пренесувања на искуствата на Хрватска во однос на водењето претпристапни преговори за членство во ЕУ.

Претходна

Маричиќ: Во пакет ќе ги решаваме прашањата за зголемувањето на платите на судиите и судските службеници

Следна

Состанок Маричиќ-Маленица во Загреб