Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<август 2021>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5

Маричиќ: Потребен е консензус за промена на изборниот модел

 
Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот настан на ЦИВИЛ изрази лично задоволство од конструктивноста на политичките субјекти и од досегашниот постиганат начелен договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но дека дополнителнително останува да се дефинира самиот изборен модел.
 
,,Партиите ќе мора да продолжат и периодот после изборите, уште поинтензивно и конструктивно да пристапуваат кон ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани” - порача Маричиќ.
 
Поголемиот дел од измените на Изборниот законик на кои се работеше изминатиот период, според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, беа во делот на водење на избирачкиот список, начинот на кандидирање, финансирање на изборна кампања и заштита на избирачкото право.
 
Што се однесува околу самиот изборен модел, Маричиќ истакна дека ставот на Владината коалиција е членовите на општинските совети да се бираат преку отворени листи. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите.
 
Министерот за правда уште еднаш потенцираше дека Изборниот законик се менува со консензус и од таа пракса нема отстапување.
 
 
Со почит,
 
 
Министерство за правда

 

 

 

Претходна

Средба Маричиќ- Брнз: Силна поддршка за реформите во судството

Следна

Маричиќ оствари средба со Десислава Готскова - новата директорка на Регионалната антикорупциска иницијатива