Министерот за правда Бојан Маричиќ од денес ќе престојува во дводневна работна посета на Албанија. Заедно со заменик министерот за правда Агим Нухиу, ќе има средба со албанската министерката за правда Етилда Ѓонај. Во фокусот на разговорите ќе бидат заедничките приоритети на патот на евроинтеграцискиот процес, продлабочување на меѓусебната соработка во областа правда, како и пренесувања на искуствата во однос на спроведување на реформите во правосудството.
За време на престојот во Тирана, предвидено е Маричиќ да оствари средба и со македонскиот пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски и да го посети Македонскиот културен центар.
Со почит,
Министерство за правда