Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<јануари 2022>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6

Првите шест месеци од имплементацијата на новиот Законот за заштита на личните податоци ќе бидат искористени за едукација и корективни мерки

На состанокот кој утрово се одржа во Министерството за правда е појаснет начинот за имплементација на Законот за заштита на личните податоци и е појаснето дека првите шест месеци од имплементацијата на новиот Законот за заштита на личните податоци ќе бидат искористени за едукација и корективни мерки. На средбата на министерот за правда Бојан Маричиќ со засегнатите страни, односно претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија, Македонската банкарска асоцијација, претставник на Сојузот на Стопански комори, како и Агенцијата за заштита на личните податоци, по искажаната загриженост од страна на компаниите во однос на спроведување на новиот Закон, е појаснето дека во првите шест месеци од стапување на сила на истиот, Агенцијата за заштита на личните податоци на терен при своите суперевизии ќе делува едукативно, односно со корективни мерки. Ова се прави со цел на компаниите да им помогне целосно да ги спроведат новите правила. Дополнително, ако супервизорот утврди прекршување на законот, ќе се даде определен рок во кој субјектот треба да ги отстрани неправилностите.

 

Агенцијата во заштита на личните податоци ќе подготви и спроведе обуки за компаниите. Дополнително, ќе се изработи и упатство за правилно спроведување на законот. Агенција ќе отвори и посебна линија за комуникација, која ќе ја користат сите засегнати страни со цел да добијат точни и навремени информации за обврските кои произлегуваат од новиот закон.

 

По барање на засегнатите страни, во идниот приод ќе се направат и компаративни анализи за висината на казните за прекршоците кои произлегуваат од новиот закон, а доколку се утврди реална потреба за нивно менување, повторно ќе се отвори дијалог.

 

Со ваквото појаснување се излегува во пресрет на барањата на компаниите, а преку новиот Закон ќе се гарантира заштита на личните податоци на граѓаните.

 

 


Со почит,

 

Министерство за правда

https://www.pravda.gov.mk/

 


Претходна

Маричиќ во еднодневна работна посета на Косово

Следна

Маричиќ во Приштина го потпиша Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Северна Македонија и Косово