Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
<јануари 2025>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Маричиќ во еднодневна работна посета на Косово

Министерот за правда Бојан Маричиќ утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Предвидено е да има средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, по која ќе го потпишат Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети. Помеѓу двете држави постојат тесни економски, политички, културни и други врски, поради кои е потребно олеснување на постапките пред институциите на двете држави. Со склучувањето на овој договор се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се овозможи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете држави за побрз одговор и од двете страни, без претходно да се процедурите да минуваат  преку двете Министерства за правда.

 

Со почит,

 

Министерство за правда

https://www.pravda.gov.mk/

 


Претходна

Маричиќ: Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош

Следна

Првите шест месеци од имплементацијата на новиот Законот за заштита на личните податоци ќе бидат искористени за едукација и корективни мерки