Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
<декември 2024>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5

Маричиќ: Институциите се целосно подготвени за пописот

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за НТВ1, кажа дека државата и институциите се целосно подготвени за спроведување на пописот кој почнува на 5 септември. Според министерот, нема никаков простор за загриженост кај граѓаните во влијанието на пандемијата врз процесот на попис, бидејќи Комисијата за заразни болести веќе ги направи здравствени протоколи кои доследно ќе бидат применувани од попишувачите.

 

-Ние како Влада веќе имаме искуство со организирање на масовни операции за време на пандемија. Во вакви услови епидемиолошки услови спроведовме парламентарни избори, а тоа не беше причина за зголемување на бројките на заразени. Пописот навистина им го должиме на граѓаните. Веќе 20 години ги немаме статистичките податоци, кои се основна алатка за креирање на сите развојни политики на државата, потенцираше Маричиќ.

 

Министерот во интервјуто говореше на повеќе теми меѓу кои и за процесот за дигитализација на судството, при што кажа дека преку воведување на информатичка технологија ќе се зголеми транспарентноста и ефикасноста на судските постапки, што на долг рок ќе придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во правната држава.

 

Со почит,

 

Министерство за правда

https://www.pravda.gov.mk/

 


Претходна

Маричиќ во Приштина го потпиша Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Северна Македонија и Косово

Следна

Маричиќ: За прв пат се изработи Функционакана анализа за Министерството за правда