Денес во просториите на Министерството за правда се одржа хибриден настан на кој беше презентирана првата функционална анализа на Министерството, која заедно со функционалните анализи на 27-те основни судови, чија подготовка е во тек, ќе се заокружи процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата.
-Како Министерство за правда сметавме дека е повеќе од нужно да имаме ваква анализа, која ќе биде темел за сите идни реформски чекори кои ќе ги правиме, во насока на модернизација на Министерството за правда, но и во правосудството воопшто” - рече Маричиќ.
Според министерот ова е документ кој дава еден целосен и сеопфатен приказ на сите надлежности на Министерството и се во насока кон целта за која се работи, односно креирање ефикасна и транспарентна институција во служба на граѓаните
Функционалната анализа на Министерството за правда е поддржана од Амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија, а спроведена од Центарот за правни истражувања и анализи.
Со почит,
Министерство за правда