Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Средба Маричиќ- Абазовиќ во Подгорица: Продолжување на реформите за стабилен Западен Балкан

Министерот за правда Бојан Маричиќ кој е во дводневната посета на Црна Гора,  се сретна со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а тема на разговорите беа реформите и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Двете земји имаат навистина блиски пријателски односи, но потребно е да се интензивира соработката пред се во размената на искуствата на двете земји во областа правосудство и владеење на правото.


-Ние со Црна Гора има навистина одлична соработка, искрено пријателство, нема отворени прашања и единствено што ни останува е да се интензивира соработката и да земаме како држава искуства во процесот на преговори со Унијата, кажа Маричиќ на средбата.


Министерот за правда за време на посетата на Подгорица ќе се сретне и со својот црногорски колега Секуловиќ и со државите секретари на Министерството, а ќе се обрати и на панелот "ЕУ Интеграциони политики во Западен Балкан - Како да се одржува агендата за ЕУ интеграција?".

 

Со почит,

 

Министерство за правда

 

https://www.pravda.gov.mk/


Претходна

Маричиќ од денес во дводневна посета на Подгорица

Следна

Маричиќ за РТЦГ: Потребни се силна волја и упорност доколку сакаме одржливи резултати и промени