Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Брдо – Крањ, Република Словенија

Маричиќ на министерскиот форум за правда ЕУ - Западен Балкан во Словенија

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес е во дводневна посета на Република Словенија, каде ќе учествува на ЕУ-Западен Балкан министерскиот форум за правда и внатрешни работи, кој ќе се одржи во Брдо – Крањ.

На Форумот, којшто се одржува за време на словенечкото претседавање со ЕУ и кој ќе ги собере министрите за правда од ЕУ и Западен Балкан, ќе се разговара за владеењето на правото и реформите во судството, дигитализација на судството, како и за приоритетите на претстојното француско претседателство со ЕУ.

На овие теми министерот за правда ќе земе учество во две работни сесии.

Во рамките на својата агенда на Форумот во Брдо – Крањ, министерот за правда ќе оствари неколку билатерални средби, и тоа со колегите министри за правда на Словенија и Србија и со потпретседателот на Европравда Боштјан Шкрлец.


Со почит,

Министерство за правда


Претходна

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители е единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри

Следна

Изјава на министерот за правда Бојан Маричиќ пред почетокот на Конференцијата на министри за правда ЕУ- Западен Балкан во рамките на @EU2021SI