Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
<јануари 2025>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Маричиќ за РТВ Словенија: Во интерес на сите е отпочнување на преговорите со ЕУ час поскоро

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за Радио телевизија Словенија истакна дека во овој момент е потребен силен ангажман од сите за брзо отпочнување на преговорите со Европската Унија. 

 

-Важно е час поскоро да се почнат преговорите со ЕУ. Наша должност е да работиме на решавањето на проблемот со Бугарија. Од наша страна има подготвеност, но тоа треба да се базира на меѓусебна почит и европските вредности, рече Маричиќ.

Според него во интерес на и на ЕУ и на Бугарија и другите членки е датум за отпочнување на преговорите, затоа што во спротивност кредибилитетот на Унијата и нејзината политика, не само во нашата земја туку и на Западен Балкан, ќе биде ставен под знак прашање.

На прашањето за напредокот кој стои од Европската Комисија за Северна Македонија, Маричиќ одговори:

-Владата и правосудните органи направија големи исчекори во правосудниот систем, спроведувајќи го прочистувањето на судството, со зајакнување на критериумите за избор и разрешување на судиите и обвинителите“, а ја истакна и важноста на Академијата на судии и јавни обвинители во враќањето на довербата кај граѓаните во судството. 

 

 

Линк од интевјуто: Маричиќ за РТВ_СЛО

 

Со почит,

Министерство за правда

 


Претходна

Маричиќ од Брдо: Реформите испорачани – ЕУ да го врати проширувањето на својата агенда

Следна

Маричиќ за „Дело": Прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности