Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерство за правда и Правниот Факултет „Јустинијан Први“

Министерот за правда Бојан Маричиќ и деканот на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ д-р Сашо Горгиевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за правда и Правниот факултет.

Меморандумот за соработка отвора можност за ангажирање на стручен кадар од редовите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во подготовката на легислативни акти и стратешки документи во рамки на Поглавјето 23, како и во другите поглавја во процесот на пристапување на земјата во Европската унија, како и заедничко учество и соработка во проекти од применувачка научно-истражувачка дејност.

- Наша обврска и должност е да градиме партнерства со високообразовните институции и да бидеме поддршка едни на други, особено во процесите кои се од суштинско значење за правосудниот систем на државата и евроинтеграциите. Преку поврзување на теоријата и практиката, очекувам Меморандумот за соработка помеѓу двете институции да даде резултати во наредниот период и убеден сум дека ќе биде од големо значење како за студентите, така и за службениците на Министерството за правда-потенцираше Маричиќ на средбата.

Министерот додаде дека со потпишувањето на овој Меморандум се преземаат конкретни мерки за реализирање на практичната настава, со која се отвора можност студентите да ги применат своите знаења и вештини стекнати преку формалното образование во пракса и со тоа да ги направат првите чекори кога станува збор за влез на пазарот на труд и нивно позиционирање во деловното опкружување.


Маричиќ и Георгиевски ја нагласија важноста на заедничкиот ангажман и очекуваат овој документ да биде добра основа за плодна соработка.



Со почит,


Министерство за правда
 


Претходна

Соопштение

Следна

Маричиќ: Не е притисок врз судиите ако сум побарал на јавноста да ѝ се објасни одлука