Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Воспитно-поправниот дом Волковија
<јануари 2022>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6

Маричиќ на предновогодишни дружење со децата во ВПД Волковија

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска го посети Воспитно-поправниот дом Волковија каде што на децата им подари новогодишни пакетчиња. Маричиќ на 19 деца кои се наоѓаат во ВПД Волковија им ја честита новата година и им посака многу здравје, среќа и личен напредок во 2022 година. Маричиќ од децата доби благодарница и рачно изработен украс.

-На децата кои се наоѓаат тука им посакав добро здравје, да учат, да се надградуваат и откако ќе излезат да бидат луѓе кои со своето знаење и вештини ќе придонесуваат во заедницата. Директорот ме информираше за состојбата во домот  која е редовна. Децата посетуваат настава и имаат работни ангажмани за нормално функционирање на установата. Многу сум задоволен што гледам дека сите деца тука ги имаат сите услови за нормален развој и услови за престој, изјави по средбата министерот за правда.

Инаку, со Маричиќ во Волковија беа и директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски и претседателот на Судот во Кавадарци Лазар Нанев кој на децата им подари спортска опрема.


Со почит,

Министерство за правда


Претходна

Маричиќ: Не е притисок врз судиите ако сум побарал на јавноста да ѝ се објасни одлука

Следна

Новогодишно видео обраќање на министерот за правда Маричиќ