Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески, својата прва официјална средба во новата функција, попладнево ја оствари со претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми.
Разговараа за повеќе актуелни теми и прашања што го засегаат судството во целина, со намера за натамошно продлабочување на соработката помеѓу овие две институции, а со единствена цел, изнаоѓање на решенија и подобрување на состојбата на нашиот правосуден систем.
Една од клучните работи, за кои се согласија, е создавање на поволни услови за зголемување на транспарентноста, независноста и ефикасноста на судскиот систем за што на крајот на средбата, соговорниците ја констатираа максималната поддршка која Министерството за правда ја дава на Врховниот суд.