Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески, оствари средба со претседателот на Здружението на судии, судија Џемаили Саити. На оваа средба, министерот ја поздрави работата на Здружението на судии, Судско – медиумскиот совет и Советодавното тело за судиска етика на судиите и судиите поротници. Основна цел, како што посочи министерот за правда е да се даде афирмативен пристап и заеднички интерес за изнаоѓање на современи
решенија кои што ќе одговараат на нашиот правосуден систем и ќе придонесе кон подобрување на перцепцијата на граѓаните во судската власт.