Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Министерот за правда Тупанчевски домаќин на група магистранти од Американскиот Универзитет Џон Хопкинс.

Министерот за правда д- р Никола Тупанчески денес во Министерството за правда оствари средба со професорот Стивен Шнибаум и магистранти од Американскиот Универзитет Џон Хопкинс. На средбата разговараа за правните системи на двeте држави и меѓународната соработка во извршувањето и спроведувањето на меѓународните стандарди.

Министерот информираше дека во Министерството за правда во моментот е формирана работна група која работи на подготовка на новиот Кривичен Законик, а истовремено се работи и на нов Закон за Кривичната постапка. Тоа ќе биде добра можност Република Северна Македонија да ги имплементира сите стандарди од меѓународната регулатива.

Министерот во оваа прилика истакна дека приоритет на кој нашата држава ќе работи во иднина е подобрување на соработката помеѓу институциите и функционалноста на работните тела за меѓуресорска соработка.

Студентите од Универзитетот  Џон Хопкинс во рамки на своите студии, секоја година остваруваат посета на различни држави, фокусирајќи се на имплементирањето на меѓународното право и неговото спроведување во пракса во државите кои ги посетуваат. Предмет на интерес е трговијата со луѓе, што е интердисциплинарна тема со меѓународен аспект. Студентите се интересираа за прашањето на собирање докази во кривичната постапка, казнената политика на државата и можноста за надомест на штета на жртвите на насилство.


Претходна

Средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со претседателот на Здружението на судии, судија Џемаили Саити.

Следна

Протоколарна средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески.