Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Јавно Обвинителство, Скопје

Протоколарна средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески.

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески, денес оствари средба со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. 

 
На оваа средба, се разговараше за зацврстување на улогата на обвинителството преку специјализација на обвинителите, кадровска доекипираност и финансиска независност, зајакнување на внатрешните контролни механизми, осовременување на системот за распределба на предметите, како и измена на одредени закони кои што ќе понудат конкретни решенија за непречено функционирање на работата на обвинителствата. 
 
Меѓу другото, министерот за правда ја поздрави и одлуката за донесување на подзаконски акт за начинот на оценување на јавните обвинители и посочи дека Министерството за правда ќе продолжи и понатаму да дава поддршка за сите суштествени прашања кои што се од интерес на јавните обвинителства, а се во надлежност на Министерството за правда.

Претходна

Министерот за правда Тупанчевски домаќин на група магистранти од Американскиот Универзитет Џон Хопкинс.

Следна

Министерот за правда Тупанчевски во посета на Нотарската Комора