Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески оствари средба со Вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката и воспоставување на институционална интероперабилност преку отворена, интензивирана и непосредна соработка во интерес на градење на ефикасен и стабилен правосуден систем.
Вишиот јавен обвинител потенцираше дека оваа средба е од големо значење за Вишото јавно обвинителство со оглед на неговата важна улога во нашиот правен систем и истакна дека со последниот избор на пет виши јавни обвинители во мај, 2021 година се постигна поголема кадровска доекипираност.