Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Уставен суд, Скопје

Средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со Претседателката на Уставен суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска.

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески денес оствари средба со Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска.

На почетокот на средбата, министерот потсети за важната улога на Уставниот суд во нашиот правен систем кој всушност претставува браник на заштитата на уставноста и законитоста во Република Северна Македонија, а истовремено е заштитник на владеење на правото и гарант за почитување на Уставот на Република Северна Македонија.

Тргнувајќи од неговата организациска поставеност, тој го зазема приматот со највисок авторитет со тоа што е независен од другите органи на државната власт и е независен во своето работење од Собранието, претседателот на Републиката, од Владата и од редовните судови.

Претседателката потенцираше за потребата од подобрување на просторните и техничките услови на Уставниот суд и кадровска екипираност со оглед на тоа што моменталниот број на судии е помал од предвидениот број на судии согласно Уставот.
Министерот истакна дека со поддршка на ИПА 3 се предвидува зајакнување на капацитетите на Уставниот суд во контролирање на уставноста и тоа преку поддршка во однос на измените на Деловникот за работа на уставниот суд во однос на заштитата на слободите и правата на граѓаните, обуки и студиски посети во однос на Европската Конвенција за човекови права и слободи и меѓународните стандарди, зајакнување на службата на Уставниот суд, како и поддршка во развојот на ИТ инфраструктурата на Уставниот суд особено преку развој на интегриран систем за распределба на предмети.


Претходна

Средба помеѓу министерот за правда, д-р Никола Тупанчески и Основниот јавен обвинител, Гаврил Бубевски

Следна

Средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со Претседателот на Основен кривичен суд Скопје, Иван Џолев.