Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
<септември 2024>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6

Средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф и регионалниот проектен раководител при Германската фондација за меѓународна правна соработка, Штефан Пирнер.

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески денес оствари средба со заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф и регионалниот проектен раководител при Германската фондација за меѓународна правна соработка, Штефан Пирнер.

На средбата се разговараше за можностите за проширување на соработката со Сојузна Република Германија при размена на академски и практични искуства за голем број законски решенија особено во делот на правната рамка која го опфаќа инструментот конфискација.

Министерот извести дека реформските процеси се одвиваат со забрзано темпо и дека Законодавната агенда е заокружена со сет закони кои што се наоѓаат во Собраниска процедура.
Поддршката што ИРЗ ја дава при имплементација на разни проекти, иницијативи за соработка, публикации, одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања се од исклучително значење за зголемување на ефикасноста на нашиот правосуден систем во целина.


Претходна

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески денес оствари средба со членовите на Здружението на судии на Република Северна Македонија.

Следна

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески денес оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани.