Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<април 2025>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески во текот на вчерашниот ден оствари работна средба со Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Директорот Симовски извести дека во тек е процесот на изготвување на Програмата за статистички истражувања за периодот од 2023 – 2027. Заради поефективно идентификување на потребите од дополнителни или нови статистички податоци што може да влијаат на концепцијата и на содржинското обликување на Програмата, соговорниците се согласија дека преку заедничката соработка ќе се придонесе кон градење на поефективен систем на прибирање и обработка на статистичките податоци.


Министерот истакна дека статистичките податоци даваат солидна основа за создавање временски серии со чија анализа се овозможува квалитетно согледување и оцена на факторите и посочи дека Министерството за правда ќе продолжи и во иднина да дава неизмерна поддршка на работата на Државниот завод за статистика.


Претходна

Обраќање на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески на настанот Изнаоѓање на модалитети за натамошното спроведување на проектот „Изработка на Граѓански законик на РСМ‘‘

Следна

Mинистерот за правда д-р Никола Тупанчески оствари средба со заменик – шеф на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало.