Во просториите на Министерството за правда денеска се одржа средба помеѓу министерот за правда, д-р Никола Тупанчески, претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Павлина Црвенковска и претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити.
На средбата се разговараше за потребата од зголемување на независноста и ефикасноста преку подобрување на материјалниот статус на судиите за што министерот Тупанчески ја потврди заложбата за преземање конкретни активности во насока на обезбедување на оптимални услови за судството кои ќе придонесат кон градење на независен и ефикасен правосуден систем