Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Министерот д-р Никола Тупанчески со поздравно обраќање го отвори денешниот настан посветен на презентација на Годишниот извештај на Државниот совет за превенција на детско претстапништво за 2020 година.

Министерот Тупанчески ја поздрави работата на Советот и истакна дека овој извештај е од исклучително значење имајќи го предвид фактот дека истиот е концепиран врз основа на индикатори кои ни даваат целосна слика за реализираните активности од страна на надлежните тела и институции за остварување на правата на децата.

Изготвената анализа на податоците претставува солидна основа за опсервирање на состојбите во оваа сфера и за изнаоѓање на соодветен модел кој би го примениле во нашиот систем, притоа, основна водилка треба да биде заштитата на децата.


Токму затоа, Министерството за правда како и досега ќе продолжи да дава неизмерна поддршка на активностите на Државниот совет кои се во насока на натамошно зајакнување на институционалните и човечки капацитети за превенција на детското престапништво и дека препораките од овој извештај ќе бидат во голема мера реализирани, а клучните предизвици ќе бидат надминати и сето тоа ќе биде нотирано и во наредниот извештај на Советот.

 


Претходна

Во просториите на Министерството за правда се одржа стручна расправа за Предлог Законот за правда на децата.

Следна

Повик до заинтересирани страни за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности