Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2024>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6

Повик до заинтересирани страни за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности

 

Министерството за правда започна со спроведување на процес за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности.

Со цел овозможување директно и суштинско учество во сите фази од процесите за подготовка на Предлог измените, а согласно начелата на транспарентност и отвореност, Министерството за правда ги повикува заинтересираните страни да достават свои предлози за измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности. 

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, контакт податоци и опис на предлогот со образложение за причините поради кои се предлага измена и/или дополнување.

Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на bpps@mjustice.gov.mk.

Рокот за доставување на предлозите е 10 мај 2022 година


Претходна

Министерот д-р Никола Тупанчески со поздравно обраќање го отвори денешниот настан посветен на презентација на Годишниот извештај на Државниот совет за превенција на детско претстапништво за 2020 година.

Следна

Средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески и Амбасадорката на Република Латвија во Чешка, д-р Гунта Пасторе и почесниот конзул на Република Латвија, Зоранчо Митровски.