Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<април 2025>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11

Дигитализација на судови, брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција.

Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење.

Инсталирана е и ставена во употреба информатичкокомпјутерска опрема во судниците на 5 основни судови:Кавадарци, Струмица, Штип, Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје со што ќе се зголеми транспарентноста и еднаквоста на странките во постапката. Потпишани се меморандуми за интероперабилност за побрза размена на податоци со институциите.

Обезбедени се дигитални услуги за граѓаните со што се овозможува брз, лесен и едноставен начин на барање и стекнување на документи или податоци:

кои се достапни  на националниот портал uslugi.gov.mk.
 

Успешно се спроведува системот за бесплатна правна помош за граѓаните. За 53,7% е зголемен бројот на барања за бесплатна секундарна правна помош.Примарна правна помош добиле речиси 20% повеќе граѓани во однос на претходната година.

Континуирано се преземаат активности во насока на обезбедување на оптимални услови за ефикасно вршење на судската и јавнообвинителската функција.Се залагаме за подобрување на нивниот статус и финансиска независност во општеството.

Започна обуката на  VIII-та генерација во Академијата на судии и јавни обвинители за едукација на кадри за судии и обвинители што претставува клуч за непрекинато функционирање на правната држава.

Одржани се јавни расправи за новите законски решенија:

  • Закон за помилување
  • Закон за вештачење
  • Закон за правда на децата.


Финализирање на имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022.

Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на зајакнување на независноста, непристрасноста и транспарентноста на судскиот систем, подобрување на квалитетот и ефективноста   на судските услуги за граѓаните.


Претходна

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески на на разговор претставниците на групата "Стоп за грабежот"

Следна

Форум „100 дена Влада“