Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Тупанчески: Потребно е оптимизирање на капицитетите за да има ефикасен судски систем

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на десетата сесија на третата работна група, Правосудство и основни права (Поглавје 23).

Во своето воведно обраќање Тупанчески се осврна на актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на Националната конвенција за ЕУ. Тема на дебата беше  оптимизирање на  капацитетите на судскиот и јавнообвинителскиот систем.

,,Европските стандарди говорат дека на 100 000 жители би требало да има 22 судии. Имајќи ги предвид новите податоци од Пописот во нашата држава би требало да има 394 судии а во моментов се 473. Но, ако се види фактичката состојба, на пример во Граѓанскиот суд ќе се забележи дека оваа година голем дел од судиите ќе заминат во пензија со што неговата функционалност ќе биде доведена во прашање. Недостасуваат и  обинители во Крива Паланка, Делчево и Свети Николе”, рече Тупанчески.

Клучен аспект за реформите е и методологијата на оценување на судиите и обвинителите а Законот за управување со движење на предмети, заедно со процесот на интероперабилност ќе биде сериозен индикатор за подобрување на состојбите во судскиот систем.


Претходна

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН

Следна

Тупанчески:МП иницира подготовка на нов Изборен законик