Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Тупанчески:Пенитенцијарниот систем треба да обезбеди хумано постапување со осудените лица

Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на меѓународниот хибриден научен и стручен настан што го организираше Правниот факултет-Битола на тема ,,Третман на осудените лица.Како до успешна ресоцијализација низ искуството на различни пенитенцијарни системи”. Република Северна Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија  се соочува со бројни предизвици во ефикасното спроведување на сериозни реформи во правниот, политичкиот и економскиот систем. Во овој контекст, значаен сегмент е и пенитенцијарниот систем, потенцираше Тупанчески. Низ сите елементи на својата организација, функционирање и остварување на образовниот процес, пенитенцијарниот систем треба да обезбеди:

  • хумано постапување со осудените лица
  • заштита на нивните интереси и интегритет
  • приближување на условите за живот во КПУ со условите за живот на слобода, а се со цел нивна ресоцијализација.

Но, системот покажува и слабости поради што тој е  под постојан надзор на надлежните органи за извршување на санкции, како и научната теорија и практика, кои преку директно ангажирање се стремат нивното работење да биде што е можно повеќе во согласност со основните начела на кои се поставени.Клучни проблеми со кои се соочува пенитенцијарниот систем се:

  • Пренатрупаност (пренаселеност) на КПУ;
  • Несоодветна кадровска екипираност на КПУ;
  • Висока стапка на пенолошки поврат;
  • Проблемот на „ранливи категории“ затвореници во КПУ;
  • Несоодветни услови во КПУ;
  • Несоодветна здравствена заштита на затворениците;
  • Несоодветен третман на затворениците во насока на остварување на процесот на ресоцијализација;
  • Лош однос на затворски персонал и Корупција.

,,Тешкотиите со кои се соочува затворскиот систем во РМ не може да се припише на недостатокот на закони и подзаконски акти. Дотолку повеќе што постои „инфлација“ од подзаконски акти кои во одредена мера дополнително им ја отежнуваат работата на затворскиот персонал.Проблемот лежи во тоа што законите не секогаш се применуваат доволно доследно. Токму поради тоа нужно се наметнува потребата од обезбедување на човечки ресурси, како и техничко-материјални предуслови за непречено функционирање на казнено-поправните установи со што ќе се оствари и почитувањето на правата на лицата лишени од слобода”,рече во своето обраќање министерот за правда Никола Тупанчески.


Претходна

Тупанчески:МП иницира подготовка на нов Изборен законик

Следна

Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на церемонијата посветена на одбележувањето на почетокот на обуката за слушатели на осмата генерација во Академијата за судии и јавни обвинители