Франција сака да му помогне на македонското судство.На средбата беше заклучено да продолжи и да се интензивира соработката меѓу РСМ и Франција во делот на реализација на проекти кои се од големо значење за борбата против криминалот, корупцијата, владеењето на правото. Министерот за правда Никола Тупанчески ја информираше француската делегација за реформите и активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на имплементација на стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022 година како и законите кои се во собраниска и владина процедура. Француското министерство за правда и Државната агенција за меѓународна и техничка помош -Експерти за Франција се подготвени да учествуваат во проекти и семинари од областа на кривичната и граѓанската материја .Посебен интерес има за измените на Законот за кривична постапка, Кривичниот Законик и новиот закон за Академија за судии и јавни обвинители.
Министерот за правда Никола Тупанчески го поздрави и успешното француско претседателствување со ЕУ, соочено со низа предизвици, светската економска криза, војната во Украина, Ковид пандемијата. Изразено е очекување за напредок во процесот на пристапување на РСМ и добивање на позитивна одлука на самитот на Европскиот Совет, закажан за јуни 2022 година, за отпочнување на полноправно членство во ЕУ и закажување на првата меѓувладина конференција.
На работна средба присуствуваа Себастиен Сидер, шеф на одделот за меѓународна соработка,Фани Мондон од Одделот за меѓународна соработка, Фредерик Дибост, судија за врски која е надлежна и за РСМ и која не покрива од Белград,Фредерик Сансиер, Помошник директор за соработка, Експертиза Франција ,Орелиа Шаф,советничка за правосудство во одделот за соработка, Цвијета Јекиќ, Емануеле Гардиј, Заменик-амбасадор во Република Северна Македонија ,Иго Бештел, Советник за соработка во амбасадата на Република Франција и Жаклина Поп-Ангелова, Шеф на Кабинет и преведувач.