Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Best Western

Тупанчески: Ги поддржувам укажувачите, апелирам институциите да овозможат нивна поголема заштита.

Укажувачите, популарно наречените свиркачи кои пријавуваат информации дејствуваат во интерес на јавноста и имаат активно учество во борбата против корупцијата и криминалот.

,,Само преку обезбедување на заштитата и поддршката за укажувачите ќе се придонесе да се  зајакне  нивната улога во откривањето на сериозни прекршувања на јавниот интерес, како што се корупцијата, прекршувањето на правдата, избегнување на данокот, недостаток на заштита за безбедноста на животната средина и напади врз права на работниците”, рече во своето обраќање министерот за правда Никола Тупанчевски на панел дискусијата по повод Меѓународниот ден на укажувачите.

Говорејќи за успесите но и научените лекции,министерот Тупанчески потенцираче дека новите правила на Европската комисија налагаат т.н свиркачи или укажувачи на измами, финансиски малверзации, даночни затајувања, нелегално користење податоци и слични незаконски дејствија,да добијат поголема заштита од евентуални последици. Доколку луѓето со инсајдерско знаење немаа храброст да зборуваат, многу  скандали немаше да бидат обелоденети.Но, тие  презедоа огромен ризик, легален па и физички, за нивните кариери и за нивниот живот.Заштитата на укажувачите е експанзија во светски рамки.

,,Ако ја посетите Еколошката оаза на културата во Берлин, ќе наидете на необична глетка: бронзени статуи од Едвард Сноуден, Џулијан Асанж и Менинг. Она што ги обединува Сноуден, Асанж и Менинг е тоа што одбрале да не молчат, односно решиле да откријат тешки злоупотреби на човековите права сторени од тие што биле должни да го штитат јавниот интерес и правата на граѓаните.Авторот на овие статуи Давиде Дормино сметал дека треба да „бидат претставени тројцата современи херои кои ја жртвувале слободата за сметка на вистината" и дека тие се потсетник за „нужноста да се осознае вистината и храброста да се трага по неа", рече Тупанчески.


Претходна

Министерот за правда Никола Тупанчески се сретна со делегација од Француското министерство за правда и од Експерти за Франција- Државна агенција за меѓународна и техничка помош

Следна

Посета на Комитетот за превенција од тортура