На средбата се разговараше за интензивирање на соработката, исполнетите обврски на Министерството за правда во РАИ, законската регулатива, имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси.Министерот Тупанчески ја информираше Готскова за Планот за работа на Министертсвото за правда, законите кои се во собраниска процедура и во владина постапка. Посебен акцент беше ставен на законите за Академија на судии и јавни обвинители, за парнична постапка, Кривичниот законик и новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Договорено е во иднина да се зајакне соработката со институционалните мрежи и да се овозможи да се зголеми бројот на потписници на Меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотната состојба.